Челси ова лето влегува во ерата на Енцо Мареска, а за неа на италијанскиот стратег кој пристигна на „Стемфорд Бриџ“ со чемпионшип-лигашка титула ќе му бидат потребни нови засилувања.
Високо на листата на желби на 44-годишникот се јавуваат два фудбалери. Тоа се Мајкл Олисе и Доминик Калверт-Луин, откриваат англиските медиуми.
Репрезентативецот на Франција имаше успешна сезона настапувајќи за Кристал Палас со 10 постигнати голови и шест асистенции, додека веќе докажаниот Калверт-Луин се врати од повреда и настапи на 32 натпревари изминатата сезона постигнувајќи седум голови и две асистенции.
Сепак за нивни ангажман Челси ќе мора и да продава со цел да се запази финансискиот фер-плеј. Еден од оние кои се наоѓа пред излезните врати на „Стемфорд Бриџ“ е Рахим Стерлинг.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА