КК Бутел е освојувач на „Слем Џем“ Скопје

Екипата на КК Бутел за која настапија Амар Хот, Амар Грбовиќ, Лука Марјановиќ и Ненад Петров е освојувач на „3х3“ турнирот „Слем Џем Скопје“ кој се одржа на популарниот терен „Патрик“ во скопската наслеба Аеродром.

На возбудливиот турнир учество земаа повеќе младински кошаркари кои настапуваат и во Првата кошаркарска лига, а во големото финале КК Бутел славеше убедливо против екипата на Острово.

Натпреварувањето во тројки го освои Ангел Стојанов, додека во забивањето најдобар беше Китановски Борјан.

Се вчитува...