Јапонскиот возач во Формула 1, Јуки Цунода ќе биде дел од тимот на РБ и следната сезона.
Постоеа шанси единствениот Јапонец во Формула 1 да биде унапреден во првиот тим на Ред Бул со оглед на заминувањето на Серхио Перез, но тоа нема да се случи престојната сезона.
„Многу сум среќен што останувам во РБ и следната сезона. Задоволен сум што вака рано во сезоната си ја решив судбината за догодина“, изјави тој.
BREAKING: Yuki Tsunoda to remain at RB into 2025 ✍ pic.twitter.com/krtVJ4rl5E
— Sky Sports F1 (@SkySportsF1) June 8, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА