Реал Мадрид постигнал договор со младиот германски репрезентативец Флоријан Вирц за трансфер следната сезона, пренесуваат шпанските медиуми. Вирц се очекува да пристигне на „Сантијаго Бернабеу“ како замена за неговиот сонардоник Тони Крос кој со крајот на сезоната најави заминување во пензија.
Според информациите на „Марка“, 21-годишниот фудбалер ќе потпише договор со Реал Мадрид во 2025 година и тој би можел да изнесува 150 милиони евра.
Вирц важи за еден од најдобрите млади таленти на денешницата. Оваа сезона беше незаменлив дел од Баер Леверкузен предводејќи го тимот со 18 голови и 20 асистенции до титулите во Бундеслигата, Купот на Германија како и финалето во Лига Европа.
Интересно, Вирц беше и голем трансфер цел на Барселона, но се чини дека „кралевите“ издвојуваа уште една важна победа против лутиот ривал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА