Бизарно: Го пропушта Евро 2024 поради пад од велосипед

Репрезентативецот на Чешка, Михал Садилек е малерот на годината. Тој нема да учествува на престојното Европско првенство кое ќе се одржи во Германија поради бизарна повреда.

Како што откри фудбалската федерација на Чешка овој 25-годишник заработил повреда на листот поради пад од велосипед и нема да биде во можност да им помогне на сонародниците во битките против Португалија, Грузија и Турција.

Садилек кој ја покрива средината на теренот беше стартер на последната подготовка на Чешка против Малта која заврши со убедлива победа од 7-1.

Се вчитува...