Португалскиот стратег Жозе Мурињо кој до неодамна работеше во италијанското првенство предводејќи ја Рома и кој воедно добри ги познава италијанските фудбалери не ги гледа како фаворити за одбрана на шампионската титула на престојното Европско првенство кое ќе се одржи во Германија.
Мурињо одговараше на прашање кој е според него фаворит за освојување на трофејот. Тој именуваше повеќе репрезентации, но не и „аѕурите“.
„Тоа се Португалија, Англија, Франција па следат Германија и Шпанија. Дали може Италија да ја одбрани титулата? Не верувам. Немаат баш талентирана генерација. Не верувам дека ќе победат повторно“, изјави Мурињо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА