Македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски во времето додека настапуваше за ангкискиот Лидс често се наоѓаше во центарот на вниманието со харизматичните потези.
За позитивната енергија која го негува Македонецот говореше и неговиот соиграч од „Елан Роуд“, Патрик Бамфорд кој говорејќи на подкастот „My Mate’s A Footballer“ откри и интересна анегдота.
„Ви текнува на бекот Алисоки? Тој беше потполно луд. Тој е тип на играч кој би сакале да го имате во тимот, но ако игра против вас ќе го мразите. Искрено тој е пресмешен, многу смешен во соблекувалната и многу добар човек.
Еден ден имаше некој повреда стекната на натпревар и следниот ден дојде на стадионот. Влезе во собата на физиотерапевтот и носеше само тренерки, но имаше чуден мирис. Се прашувавме што е тоа. Ги соблече долниот дел од тренерките за физиотерапевтот за да може да види каде е повредата, а на тоа место имаше исцкан кромид залепен на него. И знаете што? Му помогна. Два дена се лечеше така и потоа беше добар“, откри Бамфорд.
Алиоски настапи на 170 натпревари за Лидс и интересно ниту еднаш не се соочи со потешка повреда.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА