Шпанскиот напаѓач Алваро Мората би можел ова лето да се врати назад во италијанското првенство и за трет пат да го облече дресот на Јувентус, пренесуваат тамошните медиуми.
За услугите на искусниот 31-годишен голгетер постои сериозен интерес кај „старата дама“ која во новата сезона во едно ќе влезе и во нова ера по заминувањето на Масимилијано Алегри.
Мората беше дел од Јувентус од 2014 до 2016 година, а по настапите за Реал Мадрид, Челси и Атлетико Мадрид се врати како позајмен фудбалер во Тироно од 2020 до 2022 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА