Во вториот натпревар од јунските подготовки македонската сениорска фудбалска репрезентација ја очекува средба против нов учесник на Европското првенство, Чешка.
Натпреварот во Храдец Кралове е закажан за во понеделник со почеток од 18 часот, а за противникот свое мислење даде и репрезентативниот голман Столе Димитриевски кој вели дека ова е значен натпревар за „црвено-жолтите“ во кој мора да се направат корекции за подобра дисциплина.
„Нормално дека Чешка е одличен противник, затоа што таму е кадешто се најдобрите, на Европското првенство. Имавме два до три дена да се подготвиме, треба да направиме некои корекции за да дојдеме до подобра дисциплина во играта и подобро да бидеме подготвени за мечот. Сакаме подобар резултат од претходниот, овој меч за нас е последен пријателски меч пред следните квалификации кои ни следат, така што гледаме на мечот како доста важен за да се формираме и стабилизираме за следните квалификации. Мора да излеземе на терен со максимална дисциплина, само така можеме до поволен резултат“, вели Димитриевски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА