Барселона ја освои 12. титула во Лигата на Шампионите откако во финалето на „Фанјл 4“ турнирот во Келн славеше со 30-31 над Алборг во супердраматичниот натпревар кој ги исполни сите очекувања.
Каталонците подобро го започнаа натпреварот и имаа предност од 2-5 уште во воведот, но данската екипа навремено се консолидираше и не дозволи и повисока предност на шпанскиот ривал. Алборг до крајот на полувреме успеа да фати ритам, од минута во минута ја топеше предноста, успеа и да поведе пред самиот финиш на првото полувреме, но по 30. минути игра на семафорот стоеше резултат 15-15.
Второто полувреме не ја промени изедначеноста. Во играта „гол за гол“, Барселона постојано одржуваше минимална предноста, а Данците изедначуваа се до последните минути од средбата кога Барселона со две мини серии од 2-0 стигна до посакуваните 27-30. Алборг успеа да намали на негатива од еден напад, со истекот на времето имаше и слободен удар за изедначување, но обидот на Хансен заврши во стативата за големо славје на Шпанците.
𝐖𝐇𝐀𝐓. 𝐀. 𝐆𝐀𝐌𝐄. 🔥🤯 Congratulations, champions! #ehfcl #ehffinal4 #clm pic.twitter.com/bt9MPoHcul
— EHF Champions League (@ehfcl) June 9, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА