Германскиот гигант Баерн Минхен е на прагот да го официјализира трансферот на долгопосакуваното засилување, Жоао Палињо, пренесуваат англиските медиуми.
Португалскиот фудбалер беше на прагот на премин во баварските редови и претходното лето, но преговорите со Фулам пропаднаа поради доцнењето на документација од Лондон. Со поука од нереализираниот трансфер овој пат Баерн Минхен цели да негов ангажман уште пред почетокот на Европското првенство во Германија.
Интересно, Баерн Минхен беше подготвен да извои 70 милиони евра за неговиот ангажман, но тоа повеќе не е случајот. Овој пат Германците за потписот на 28-годишникот цели да издвои 35 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА