Италија, Грузија и Словачка триумфално ги завршија подготовките за ЕВРО

Бранителот на трофејот на престојното Европско првенство, репрезентацијата на Италија со победа од 1-0 над репрезентацијата на Босна и Херцеговина ги заврши подготовките за континенталниот собир.

До триумф „аѕурите“ го предводеше Фратеси кој на асистенција на Кјеза ја затресе мрежата во 38. минута.

Триумфално на Евро 2024 ќе влезат и Грузија која го доби гостувањето кај Црна Гора со 1-3, како и Словачка која со убедливи 4-0 славеше на Велс.

Се вчитува...