Поранешниот тренер на Шкендија, Ардијан Нухиу и официјално промовиран како нов шеф на стручниот штаб на косовскиот суперлигаш, Гњилане.
Гњилане и Нухиу потпишаа тригодишен договор за соработка, во желбата клубот повторно да се врати на највисокиот пиедестал во косовскиот фудбал.
Заедно со 45-годишниот Нухиу, како негов прв асистент ќе биде и Муарем Бајрами, а поранешниот фудбалер на Вардар, Ертан Демири и официјално е именуван за нов спортски директор, како резултат на менаџерските промени во клубот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА