Карлос Алкараз го освои третиот грен-слем во кариерата, прв на Ролан Гарос откако во големото финале во Париз славеше по маратонски меч кој траеше повеќе од четири часа над Александер Зверев со 3-2.
По мечот младиот Шпанец говореше за медиумите од кои беше запрашан дали тргнува по рекордот на Новак Ѓоковиќ од 24 освоени грен-слем титули.
„Се надевам. Разговарав со Хуан Карлос пред ова финале и тој ми кажа „Ќе се бориш за трета грен-слем титула по се што помина. Знаеш колку е тешко да освоиш слем, а Новак ги има 24“. Не можам да размислувам за тоа премногу бидејќи долг е патот. Се надевам дека ќе дојдам до 24, но засега сум задоволен и со три“, вели Алкараз.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА