Македонската фудбалска репрезентација денеска од 18 часот во Храдец Кралове силите ќе си ги одмери со Чешка во вториот пријателски натпревар кој воедно ќе означи и крај на јунските подготовки.
А, против силниот чешки тим кој ќе настапи и на престојното Европско првенство во Германија селекторот Благоја Милевски нема да може да смета на услугите на голгетерот Бојан Миовски кој ќе ја пропушти средбата поради болка на зглобот на ногата.
Затоа во нападот ќе стартуваат Александар Трајковски и Елиф Елмас, кои во позадина ќе бидат помогнати од Енис Барди и Јани Атанасов.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА