Фудбалската репрезентација на Македонија одигра едно анемично полувреме (0-0) на гостувањето кај Чешка во пријателски меч во јунскиот прозорец на УЕФА, но низ принудената дефанзивна ориентација умешно се одбрани пред налетите на домашните.
Повторно нашите момци беа како без енергија, но и Чешка не изгледаше ништо подобро, иако немаше да биде незаслужено доколку заминеше на пауза со позитива.
Првата шанса домаќините ја имаа во 8. минута кога Патрик Шик биеше со глава, но Столе Димитриевски беше на вистинското место. Набрзо Чешка имаше нова шанса по ударот на Цоуфал, но Муслиу спаси чист погодок за Чесите.
Чешка успеа да ја затресе мрежата на Димитриевски, но голот беше поништен бидејќи Шик беше во офсајд позиција. До крајот на првиот дел падна темпото на игра, па на пауза се замина со почетниот резултат од 0-0.
За потсетување на првиот пријателски натпревар летово, Македонија загуби на гостувањето кај Хрватска со 3-0.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА