Александар Ѓорѓевиќ ќе биде нов тренер на Дубаи, пренесуваат српските медиуми од сигурни извори. Постигнат е договор, договорот ќе биде потпишан на една година со опција за продолжување, а доколку не се случи нешто сензационално, во наредните денови може да се очекува официјална промоција.
Се уште официјалниот селектор на кинеската репрезентација наскоро треба да биде промовиран во тренер на новоформираниот клуб кој следната сезона ќе се натпреварува во АБА лигата.
Ѓорѓевиќ освои три сребрени медали како селектор на Србија, на ЕП и СП и на Олимписките игри, а како селектор ја водеше и Кина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА