СМЕШКИ: Судија „крадец“ во Храдец – Чесите очигледно мораше да победат! (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонија одигра натпревар, ако ништо за да не загуби на мегданот против учесникот на ЕВРО 2024, селекцијата на Чешка, во Храдец Кралове. Но, очигледно не можеше да избегне пораз покрај словачкиот судија Микал Оченаш.

Чесите победија со 2-1 благодарение на два, во најмала рака, сомнително досудени пенали од кои вториот во 99. минута. Сето тоа за револт меѓу македонските фудбалери по мечот кои очигледно, и покрај тоа што се работеше само за пријателски натпревар, не можеа да се помират со еден таков пораз.

И покрај тоа што, останува на селекторот и стручниот штаб да ја анализираат играта на репрезентативците и што и како треба да се корегира за настапите во Лигата на нациите од септември, не може да се избегне впечатокот, согласно судењето на денешниот дуел, дека Македонија како да мораше да загуби во Чешка. Или, Чесите мораше да победат на генералката пред заминувањето на ЕВРО 2024.

Во секој случај, натпревар со негативни и позитивни моменти за националниот тим, со генерална констатација дека недостатокот на минутажа во своите клубови за поголемиот дел репрезентативци и тоа како се рефлектира на вкупниот капацитет на националниот тим.

 

Се вчитува...