Тренерот на Конектикат, Ден Харли, ја одби понудата да седне на клупата на Лос Анџелес Лејкерс. Тимот од Лос Анџелес на Харли му понудил 70 милиони долари за шест години, со кои би станал еден од најплатените тренери во НБА, но тој одбил.
Причината е што сака да ја освои третата последователна титула во НЦАА колеџ лигата со Универзитетот во Конектикат. Лејкерси ќе продолжат да бараат решение и се надеваат дека ќе успеат да го направат тоа до драфтот во НБА.
Исто така, уште пред да разговара со Лејкерс, Харли имал понуда од Конектикат, која веројатно ќе го направи најплатениот тренер во НЦАА лигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА