Германските медиуми пренесуваат дека Баерн Минхен постигнал договор со шампионот во Бундеслигата и освојувач на Купот Џонатан Тах. Славниот клуб од Минхен постигна договор со Тах за договор до 2029 година.
Џонатан Тах во моментов се подготвува за претстојното ЕУРО 2024 со репрезентацијата на Германија. Наскоро се очекува Баварците да започнат преговори со Баер Леверкузен, додека Тах го известил и директорот на „фармацевтите“ дека сака да се приклучи на тимот, кој неодамна го презеде Винсент Компани.
Џонатан Тах претходно имаше неуспешни преговори со клубот од Леверкузен околу продолжување на договорот, бидејќи сегашниот му истекува во 2025 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА