Френки де Јонг нема да игра за холандската репрезентација на ЕВРО 2024 во Германија, бидејќи повредата на скочниот зглоб што ја заработи на 21. април во „Ел класико се уште е преголема пречка за враќање на терените.
Играчот за врска на Барселона имаше проблеми со десниот скочен зглоб пред мечот со Реал Мадрид, но успеа да се опорави и да игра во големото дерби и покрај тоа што три недели пред тоа ниту тренираше ниту играше. Тоа се покажа како многу погрешна одлука, бидејќи Де Јонг во вториот дел од првото полувреме доживеа сериозно искривување на зглобот во дуел на средината на теренот, па на носилки го напушти стадионот „Сантијаго Бернабеу“.
Куман беше подготвен на ризик дури и доколку асот на Барселона не е „фит“ за првите две средби, но последните прегледи покажаа дека паузата сепак ќе биде уште подолга, по што Френки де Јонг и дефинитивно отпадна од комбинација за настап на овој европски шампионат. Како замена за повредениот Де Јонг селекторот Куман реши да го повика левиот бек на Борусија Дортмунд, Јан Матсен.
За главоболките на Холанѓаните да бидат уште поголеми, на последниот контролен натпревар незгодна повреда заработи Теум Компајнерс, кој заедно со Де Јонг важи за клучен играч во средниот ред на „лалињата“. Асот на Аталанта има повреда на мускулот, за денеска се закажани детални прегледи, но првите прогнози се загрижувачки и лесно може да се случи Холандија на овој европски шампионат да биде без помошта на двајцата најважни фудбалери на средината од теренот.
„Лалињата“ се во групата Д на ЕП каде за ривали ги имаат Полска, Франција и Австрија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА