Евролигата на денешниот состанок на Бордот на директори донесе неколку одлуки, од кои најзначајна е онаа за продолжување на ко-сопственичките договори на дури 13 клубови.
Актуелните договори истекуваа во 2026, а според новиот развој на настаните овие клубови (Реал Мадрид, Барселона, Басконија, Макаби, Олимпијакос, Панатинаикос, Фенербахче, Ефес, Асвел, Монако, ЦСКА Москва, Милано, Жалгирис и Баерн Минхен) ќе имаат загарантирано учество во елитното европско натпреварување до 2040 година.
Она што паѓа во очи во прв момент е што ЦСКА останува дел од ко-сопственичката структура, по што се погласни се најавите дека рускиот тим најдоцна до 2025 година би можел да се врати во Евролигата. Од листата на екипи со загарантиран статус ја нема Алба, која има договор за 2024/25, но најверојатно берлинскиот клуб по наредната сезона ќе мора да се пресели во Еврокупот.
Челниците на Евролигата во текот на следната седмица ќе ги објават имињата на сите учесници за наредната сезноа. Според неофицијалните информации, од листата ќе отпадне шпанска Валенсија, која ќе се пресели во Еврокупот, додека Црвена Звезда, Партизан и Виртус Болоња ќе останат дел од европската кошаркарска елита.
Овие тимови ќе имаат само едногодишна вајлд-карта, а во текот на сезоната ќе биде разговарано за продолжување на соработката и среднорочни покани за настап (од три до пет години), со што овие клубови би имале можност подолгорочно да го планираат својот развој на европската кошаркарска мапа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА