Анџушиќ без зборови ја прокоментира одлуката на КЛС да го суспендира Жељко Обрадовиќ (ФОТО)

Одлуката на Кошаркарската лига на Србија да го казни тренерот на Партизан, Жељко Обрадовиќ со суспензија од четири натпревари поради повлекувањето на тимот од теренот во финалето против Црвена Звезда донесе лавина на реакции во српската спортска јавност.

Многумина ја прокоментираа одлуката на КЛС и ја означија како скандалозна поготово земајќи го во предвид фактот дека Црвена Звезда беше прва која го напушти теренот, а сега стигна и првата реакција од таборот на Партизан.

Истата доаѓа од Данило Анџушиќ, српскиот кошаркар кој ја сподели веста на социјалната мрежа „Х“ и ја прокоментира со емоџи на циркус алудирајќи на целата ситуација во Кошаркарската лига на Србија.

Се вчитува...