Францускиот стопер Мамаду Сако професионалната кариера ја започна во ПСЖ, а во 2013 година реализираше трансфер во Ливерпул. Во редовите на „црвените“ се задржа четири години настапувајќи на 80 средби пред да премине во Кристал Палас, а оттаму и во Монпелје во 2021 година.
Камбекот во татковината сепак не заврши славно за сега 34-годишникот кој пред седум месеци го напушти клубот поради физичка пресметка со тренерот Мишел Дер Закаријан.
Сако не успеа да најде ангажман на друго место, а единствената понуда која ја доби е од грузискиот прволигаш Торпедо Кутаиси. Истата е едногодишен договор со можност за продолжување на соработката на уште една сезона, понуда која е очекува Сако да ја прифати.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

