Украинците убедливо против Молдавија на „генералката“ пред ЕП (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Украина убедливо со 4-0 триумфираше против Молдавија на „генералката“ пред настапот на Европското првенство 2024.

Украинците победата ја најавија уште во 2. минута со голот на Јаремчук, а Циганков во 43. минута зголеми на 2-0.

Во второто полувреме, Довбик во 49. минута и Судаков со гол во 54. минута ги поставија конечните 4-0.

Украина е во Групата Е на ЕВРО 2024 заедно со селекциите на Белгија, Словачка и Романија.

Се вчитува...