Хумелс со ултиматум до „милионерите“: Или јас, или Терзиќ

Еден од Матс Хумелс и Един Терзиќ ќе си замине ова лето, откако дефанзивецот на Борусија Дортмунд наводно поставил ултиматум ако сака да остане во таборот на „милионерите“.

Наводно Хумелс имал желба да остане дел од финалистот во Лигата на шампионите, но само ако биде сменет тренерот Един Терзиќ. Со оглед дека тешко дека раководството ќе се одлучи да го смени Терзиќ, веројатно тоа ќе биде крај со искусниот дефанзивец, и тој ќе си замине од Дортмунд.

Се споменува дека Дортмунд веќе почнал да му бара замена, и тоа во името на Вирџин ван Дајк. Исто така Борусија сака да ангажира уште еден стопер, замена за Никлас Зиле, кој има проблем со физичката кондиција. Се споменува дека во Бундеслигата би можел да се врати Констатинос Мавропанос, кој во моментов игра во Вест Хем, а во минатото играше за Штутгарт.

Се вчитува...