Екипата на Лацио за нов тренер го именуваше 60-годишниот Марко Барони, кој на таа должност ќе го наследи хрватскиот тренер Игор Тудор, кој по само три месеци си замина од „лацијалите“.
Тудор во март ја презеде клупата од Маурицио Сари, со низа позитивни резултати го одведе Лацио до седмото место, и избори место во Лигата на Европа. Сепак, бидејќи челниците на римскиот клуб и Тудор не можеа да се договорат за многу прашања за играчите, персоналот и клупската политика во иднина, дојде до „раскин“.
За Тудор Лацио беше третиот клуб во Италија. Претходно беше тренер на Удинезе во два навради, и еднаш на Верона. Го водеше и Марсеј и грчки ПАОК.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА