Први проблеми за организаторот на ЕВРО: Швајцарците се пожалија на теренот

Фудбалскиот сојуз на Швајцарија и официјално се пожали на квалитетот на играчката површина на својот тренинг камп во Германија за Европското првенство, соопшти Европската фудбалска унија (УЕФА).

Репрезентацијата на Швајцарија во понеделникот првпат тренираше на стадионот на нисколигашот Штутгарт Кикерс во пресрет на Европското првенство.

Селекторот на Швајцарија Мурат Јакин вчера беше снимен како ја прегледува тревата на стадионот и изгледа незадоволно.

Швајцарската федерација денеска соопшти дека и пишала на УЕФА за да го изрази своето незадоволство од подлогата, но дека ќе продолжи да го користи теренот на периферијата на Штутгарт. Алтернатива е тренинг комплексот на бундеслигашкиот клуб Штутгарт, но се процени дека ова бара премногу време за патување.

Се вчитува...