Саудијците го бараат дефанзивецот на Реал, но следуваше експресна „корпа“

Саудискиот клуб Ал Наср се интересира за дефанзивецот на Реал Мадрид и на германската репрезентација Антонио Ридигер. Ал Наср му нуди одлични услови на стоперот, далеку подобри од оние кои ги има во таборот на европскиот првак, но…

Рудигер експресно ја одбил понудата од Саудијците, истакнувајќи дека има намера да остане во Реал Мадрид, и не планира да го напушти европскиот првак.

31-годишниот фудбалер во минатото беше дел од Штутгарт, Рома, Челси, пред да замине во таборот на „кралевите“, и полека се наметна како стандарден првотимец.

Се вчитува...