Кристијано Роналдо блескаше на генералката за Португалија пред ЕВРО (ВИДЕО)

Португалскиот напаѓач Кристијано Роналдо, покажа дека е во врвна форма пред настапот на ЕП 2024 во Германија, откако за неговата селекција вечерва постигна два гола во генералката против Ирска. На крајот неговата селекција славеше трумф од 3-0, а Роналдо имаше уште неколку добри шанси за повеќе голови.

Феликс во 18. минута успеа да донесе предност, а потоа Роналдо со прекрасен гол во 50. минута успеа да зголеми на 2-0. Роналдо стави печат на победата во 60. минута со неговиот втор гол.

Португалија го стартува ЕВРО со дуелот против Чешка на 18. јуни, а потоа игра со Турција и со Грузија.

Се вчитува...