Ништо од промени на „Олд Трафорд“: Тен Хаг останува тренер на Манчестер јунајтед!

Холандскиот стратег Ерик Тен Хаг останува тренер на Манчестер јунајтед и во следната сезона.

Англиските медиуми пренесоа доцна синоќа дека клубот донел конечна одлука да го задржи Тен Хаг но и дополнително да ја продолжи соработката почнувајќи преговори за нов договор.

Неговата позиција значително се подобри со освојувањето на ФА Купот и победата над Манчестер сити во финалето, па новата управа на чело со Џим Ретклиф е подготвена да му пружи нова шанса.

Холанѓанецот во клубот е од 2022 година кога дојде од Ајакс.

Се вчитува...