Двојна титула за Италијанката Батоклети на Европското првенство во Рим

Италијанската атлетичарка Надија Батоклети освои златен медал во трката на 10.000 метри на Европското првенство во Рим.

По победата на 5.000 метри, Батоклети повторно славеше и на двојно подолгата патека. Оствари време од 30:51.32 минути, што е нов национален рекорд на Италија.

Среброто го освои Холанѓанката Дајан Ван Ес, а бронзата Британката Меган Кит.

Се вчитува...