Феноменалниот Роналдо по новиот рекорд ги предупреди соиграчите: „Не е доволен само талентот ако сакаме успех на ЕП…“

Феноменалниот Кристијано Роналдо со два гола ја предводеше Португалија до победа од 3-0 над Ирска во последниот контролен натпревар пред стартот на Европското првенство 2024.

Роналдо на тој начин засекогаш се запиша во историјата на светскиот фудбал со достигнување кое се чини никој друг не може да го достигне. Стана првиот фудбалер во историјата кој 21 година по ред успева да запише гол во националниот дрес.

Роналдо по мечот ги предупреди своите соиграчи дека ќе мора да дадат се од себе ако сакаат успех на ЕВРО 2024. Талентот сам по себе нема да биде доволен.

„За мене Европското првенство ќе биде специјално, затоа што по шести пат ќе настапам на континенталниот собир, што е рекордна бројка. Можеби пред 20 години настапив на моето прво Европско првенство, но и сега ја имам истата гордост, истата пасија. Нема ништо подобро од играње фудбал во дресот на Португалија. Играњето за репрезентацијата е пасија, желба, страст“ – истакна Роналдо.

Претходно Португалците загубија од Хрватска, па добија и бројни критики за играта.

„Поразот беше добредојден, затоа што секогаш е добар да извлечете поуки. Португалцте како народ секогаш очекуваат многу од репрезентацијата и нема простор за грешка. Оваа генерација е многу талентирана, но не треба да летаме во облаци, треба да останеме приземни. Секогаш позитивно да гледаме на нештата, и кога губиме, да одиме чекор по чекор и да сонуваме… Но, за успех мора да работиме напорно, залуден е талентот без напорна работа“ – вели Кристијано Роналдо.

Се вчитува...