Српскиот тренер Игор Кокошков би можел повторно да се врати во европската кошарка.
Кокошков се истакнува како еден од кандидатите за преземање на клупата на Барселона која ја заврши соработката со Роџер Гримау.
Денови наназад Димитрис Итудис е спомнуван како прва опција за клупата на Барселона, но сега наводно веќе има контакти на раководството на каталонскиот тим и за ангажман на Кокошков кој моментално е во стручниот штаб на Атланта во НБА лигата.
Во својата досегашна кариера Кокошков беше тренер и на турски Фенербахче, а беше селекторот и на репрезентациите на Србија, Словенија и Грузија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА