Го бараа европските гиганти, ама Шешко се одлучи за нов договор со Лајпциг (ФОТО)

Словенечкиот офанзивец, Бенџамин Шешко одлучи да го продолжи договорот со Лајпциг, потпишувајќи нов договор сега до јуни 2029 година за далеку повисока плата.

Шешко беше на мета на европските гиганти Манчестер јунајтед, Арсенал, Челси и Милан, но на крај одлучи да го продолжи договорот со Лајпциг.

Меѓу двете страни е постигнат и џентлменски договор за заминување на Шешко во 2025 или 2026 година за разумна отштета.

„Имав убава година во Лајпциг. Тимот, клубот, градот, фановите – целиот пакет е исклучително добар за мене и затоа не сакав да заминам од клубот. Тоа беше пресудно да потпишан нов договор“ – истакна Шешко по потпишувањето на договорот.

Се вчитува...