На само два дена пред почетокот на ЕВРО 2024, домаќинот Германија остана без својот вундеркинд Александар Павловиќ. 20-годишниот фудбалер од средниот ред на Баерн Минхен, ќе го пропушти Европското првенство поради восплаение на крајниците.
Нагелсман веднаш реагираше и го повика фудбалерот на Борусија Дортмунд, Емре Џан, кој е 10 години повозрасен од Павловиќ. Така играчот за врска на „милионерите“ ќе конкурира за мечот на отворањето на ЕП против Шкотска во петок во 21:00 часот.
Павловиќ е означен како играч кој е иднината на Германија. Во последните месеци беше во фокусот на вниманието поради тоа што Германија се бореше со Србија за овој млад играч. Интересно е тоа што Павловиќ кажа дека после ЕВРО ќе одлучи за која селекција ќе игра, но тој веќе одлучил.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА