Шпанскиот тенисер Рафаел Надал и официјално ќе игра на Летните олимписки игри во Париз. Тој ќе биде дел од националниот тим кој ќе го сочинуваат и Карлос Алкараз, Пабло Буста и Марсел Гранољес.
Надал немаше право на настап на Игрите бидејќи не играше за националниот тим на Дејвис купот, но и покрај тоа ќе се најде меѓу олимпиците земајќи го местото на 27-годишниот Педро Мартинез, кој е разочаран од ваквиот развој на настаните.
„Никој од нас нема да ги пропушти Олимписките игри поради повреда туку поради заштитен рејтинг. Без разлика што станува збор за Рафа, некој кој сите сакаат да го видат таму, па и јас, но ова не е фер. Како сега јас да се повредам и потоа за четири години да играм во Лос Анџелес поради заштитен рејтинг“, изјави Мартинез.
Очекувањата се дека Надал, кој во Париз 14 пати го освојуваше пехарот на Ролан Гарос, на претстојните ОИ ќе настапи во дубл, и тоа во пар со новата шпанска тениска ѕвезда, Карлос Алкараз.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

