Легендата на НБА лигата, Џери Вест почина денеска на 86 годишна возраст, потврди неговото семејство.
Познат и како логото на НБА (токму неговата силуета се наоѓа на логото на најсилната лига во светот), Вест настапуваше во НБА цели 14 години за Лос Анџелес Лејкерс предводејќи ја оваа франшиза до девет финални натпревари притоа освојувајќи ја шампионска титула во 1972 година.
Во кариерата Вест стана само третиот кошаркар кој ја надминал границата од 25 илјади постигнати поени по Вилт Чемберлин и Оскар Робертсон, а ќе остане запомнет и како единствениот кошаркар кој ја освоил МВП наградата по пораз на неговиот тим во големото финале.
Тој беше дел и од националниот тим на Соединетите американски држави кои во 1960 година го освија златниот медал на Олимписките Игри во Рим.
Hall of Famer Jerry West died this morning at 86 pic.twitter.com/mmnZ6nSS47
— Bleacher Report (@BleacherReport) June 12, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

