Баер Леверкузен предводен од шпанскиот стратег Чаби Алонсо оствари неверојатен успех за прв пат во 120 годишна историја на клуб освојувајќи ја шампионската титула и тоа без пораз во лигашкиот дел од првенството, а се радуваше и на трофејот во Купот на Германија.
Четата на Чаби за прв пат во сезоната беше сопрена во финалето од Лига Европа, а за трофеј и на интернационално ниво во сезоната 2024/25 тимот веќе започна преговори со повеќе фудбалери. Веќе беше потпишан Жануел Белосијан, 19-годишниот младински репрезентативец на Франција кој за 15 милиони евра пристигна од редовите на Рен, а следен на листата со желби е Шпанецот Алеиш Гарсија.
Станува збор за 26-годишниот шпански фудбалер кој играше во одлична форма во дресот на Џирона, тим што беше вистинска сензација во шпанската Ла Лига освојувајќи го третото место зад Реал Мадрид и Барселона. Гарсија е играч што доаѓа на директно барање на Чаби Алонсо, шпанскиот стратег инсистира неговиот сонародник да биде доведен во Леверкузен, а во завршна фаза се преговорите за овој трансфер што ќе изнесува околу 20 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА