Лео Меси во неколку наврати во минатото изјавуваше дека би сакал да заигра фудбал во татковината пред да ја заврши кариерата. Сепак, тоа најверојатно нема да се случи откако аргентинскиот генијалец во денешната изјава за ЕСПН јасно стави до знаење дека не планира да игра уште долго, но е убеден дека Интер Мајами ќе биде негов последен клуб во кариерата.
Меси по двете сезони во ПСЖ реши да се пресели од другата страна на Атлантикот и да заигра во МЛС-лигата, тој е главен адут на Интер Мајами во походот по титулата оваа сезона, но 36-годишниот ветеран не крие дека е свесен дека крајот на кариерата е се поблиску.
„Интер Мајами ќе биде мојот последен клуб, тоа е сигурно. Многу сакам да играм фудбал. Уживам да сум на теренот, уживам толку многу бидејќи сум свесен дека имам се помалку време како играч“, изјави Лео Меси.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

