Фенербахче е нов шампион на Турција

Кошаркарите на Фенербахче се нови шампиони на Турција откако во финалната серија славеа над најголемиот ривал Анадолу Ефес со 3-1. Клучната победа Фенербахче вечерва ја оствари на домашен терен во трилер меч по продолженија (80-72).

Откако по 40 минути резултатот на семафорот беше израмнет, избраниците на Шарунас Јасикевичиус одиграа одлично во продолженијата и на крајот стигнаа до нова титула во домашниот шампионат.

Биберовиќ и Хејс со по 16 поени беа први имиња во таборот на победникот, додека кај поразените недоволни беа 20 поени на Брајант.

Се вчитува...