Монако го прегази Париз за титула во Франција

Кошаркарите на Монако ја одбранија титулата во францускиот шампионат откако во финалната серија славеа против екипата на Париз со 3-1.

Избраниците на Саша Обрадовиќ вечерва буквално го прегазија противникот и тоа на неговиот терен, бидејќи во ниту еден момент не беше доведена во прашање победата (76-115). Мајк Џејмс со 27 и Окобо со 23 поени беа најефикасни кај победникот, додека кај поразените Надир Хифи постигна 13 поени.

За Монако ова е втора титула во францускиот шампионат.

Се вчитува...