Бркиќ заминува од Охрид, нов договор за Ристевски

Охрид го освои четвртото место оваа натпреварувачка сезона, а „сино-белите“ продолжуваат со активности за уште поголемо засилување на играчкито кадар за наредниот шампионат на Македонија.

Охриѓани денеска објавија дека е постигнат нов договор со Бобан Ристевски, голманот кој и во следната сезона ќе биде дел од овој клуб. За разлика од него, Берин Бркиќ си заминува од таборот на Охрид откако беше донесена одлука да не се продолжи соработката.

„ГРК Охрид го продолжи договорот со голманот Бобан Ристевски за следната сезона, со можност истиот да биде дополнително продолжен. Воедно клубот ја информира јавноста дека од редовите на ГРК Охрид заминува голманот Берин Бркиќ. Му се заблагодаруваме на досегашната соработка и му посакуваме успех во натамошната кариера“, се вели во соопштението на македонскиот суперлигаш.

Заминувањето на Бркиќ е сосема очекувано ако се знае дека Охрид веќе го договори пристигнувањето на ГРадимир Чаневски, кој би требало да ја има улогата на прв голман во тимот на Стевче Алушовски во наредната сезона.

Се вчитува...