Англиската фудбалска репрезентација е највредна од сите учесници на Европското првенство во 2024 година. Според порталот „трансфермаркт“, играчите на „Гордиот Албион“ вредат 1,52 милијарди евр.
Французите (1,23) и Португалците (1,05) се „потешки“ од милијарда евра. Четврта е Шпанија (965), а петтото го држат Германците (851). Од регионот Хрватска е на 11. место, а сопствениците на среброто и бронзата од последните две Светски првенства се проценети на 327 милиони евра. Италија е проценета на 705 милиони евра, а Албанија на 111 милиони евра.
Од сите пријавени играчи, најскапи се францускиот напаѓач Килијан Мбапе и англискиот играч за врска Џуд Белингем. Од следната сезона соиграчите во Реал Мадрид се проценети на 180 милиони евра.
Фил Фоден, играчот за врска на англиската репрезентација се проценува на 150 милиони евра. Зад него е неговиот колега од репрезентацијата Букајо Сака (140), и германскиот играч за врска Флоријан Вирц (130).
1.52 милијарди евра – Англија
1.23 милијарди евра – Франција
1.05 милијарди евра – Португалија
965 милиони евра – Шпанија
851 милиони евра – Германија
845 милиони евра – Холандија
705 милиони евра – Италија
584 милиони евра – Белгија
415 милиони евра – Данска
379 милиони евра – Украина
327 милиони евра – Хрватска
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА