ЕХФ: Пелистер ќе има 11 ривали за седумте преостанати места за ЛШ

Европската ракометна федерација ги објави имињата на екипите кои доставиле барање за валјд-карт за настап во Лигата на шампионите. Откако веќе девет екипи се сигурни во елитата и следната сезона (Барселона, Алборг, ПСЖ, Магдебург, Фуксе Берлин, Веспрем, Колштад, Висла Плоцк и Спортинг Лисабон), уште 12 екипи се во игра за преостанатите седум места.

Покрај македонскиот шампион Пелистер, специјална покана побараа и: ППД Загреб, Фредеричиа, Бидасоа, Нант, Пик Сегед, Елверум, Кјелце, Порто, Динамо Букурешт, Кадетен Шафхаузен и Татран Прешов.

Кои екипи ќе бидат дел од ЛШ во сезоната 2024/2025 година ќе биде објавено на 21. јуни.

 

Се вчитува...