Српскиот кошаркар Никола Јовиќ се повреди пред почетокот на подготовките за Олимписките игри! Јовиќ се повреди пред два дена во Мајами, пренесуваат српските медиуми.
Јовиќ е на поширокиот список на 16 кандидати на селекторот Светислав Пешиќ за настап на игрите во Париз. Минатата сезона за Хит имаше просек од 7,7 поени, 4,2 скока и 2 асистенции по натпревар.
Тоа треба да биде една од главните надежи на Србија на Олимписките игри.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

