Црвена звезда продолжува со формирањето на тимот за следната сезона. Во клубот веќе пристигнаа неколку засилувања, некои поединци ги продолжија договорите, но се чини дека најважна вест е останувањето на Милош Теодосиќ на „Мал калемегдан“.
Неодамна претседателот на клубот Небојша Човиќ истакна дека одличниот плејмејкер е тој што ќе одлучи дали и следната сезона ќе го носи „црвено-белиот“ дрес, а денеска стигна и потврда дека Теодосиќ дал потврден одговор.
Пред Теодосиќ Црвена звезда ја засили Урош Плавшиќ, а продолжени се договорите на Бранко Лазиќ, Рокас Гедраитис и Џоел Боломој. „Црвено-белите“ официјално се разделија со Мајк Тоби и Фреди Гилеспи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА