Откако пред неколку часа беше објавено дека Един Терзиќ нема повеќе да биде тренер на Борусија Дортмунд, се чинеше дека Матс Хумелс ја добил „внатрешната“ битка во клубот. За потсетување дека Хумелс пред неколку дена им поставил ултиматум на раководните луѓе на „милионерите“ дека ќе остане во клубот, само под услов Терзиќ да не биде тренер.
Раководството се одлучи да му заблагодари на Терзиќ, односно овој да поднесе оставка, но сега и Хумелс го напушта клубот. На искусниот стопер му истече договорот, и нема да му биде продолжен истиот, пишуваат некои медиуми во Германија.
Со тоа Борусија Дортмунд сака да стави крај на нередот во соблекувалната. Веројатно Хумелс и Терзиќ биле во „војна“ во изминатиот период, па затоа клубот на крајот може да се одлучи да ги ослободи и двајцата, се разбира доколку и стоперот си замине по вторпат од Борусија. Германските медиуми тврдат дека Хумелс изминатите денови добил понуда од Милан, па останува да се види дали ветеранот ќе ја продолжи кариерата или летово ќе му каже збогум на фудбалот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

