Капитенот на Реал си замина од клубот: Се сели во С. Арабија

Капитенот на Реал Мадрид, Начо Фернандез по две децении го напушта клубот и својата кариера ја продолжува во Саудиска Арабија.

Начо деновиве го очекува официјализација на двегодишен договор со Ал Итихад за плата од 20 милиони долари по сезона. Тоа е за четири пати повеќе од она што во моментов го заработува во Реал Мадрид.

Начо во Ал Итихад ќе се приклучи на својот поранешен соиграч Карим Бензема. Со „кралскиот клуб“ Начо во својата кариера освои шест титули во Лигата на шампионите.

Се вчитува...