Роберт Левандовски ќе го пропушти првиот натпревар за Полска против Холандија на отворањето на ЕВРО 2024, откако се повреди на пријателскиот натпревар со Турција.
Но, Роберт не е единствениот во неговото семејство кој има проблеми пред почетокот на ЕП. Неговата сопруга Ана, само неколку часа претходно предизвика сообраќајна несреќа. Враќајќи се на рикверц при напуштање на паркинг удрила во друг автомобил кој не го забележала, а потоа следел нејзин дрзок разговор со лице кое го фотографирал сето тоа.
Но, не бил тоа единствениот гаф тој ден. За време на пријателскиот меч со Турција ги објави на социјалните мрежи своите ќерки со колбасици во рацете… Сето тоа веднаш беше забележана од бројните следачи на Роберт Левандовски, и „проповедите“ на Ана која во минатото често влегувала во конфликт и со медиуми заради објави на нивните ќерки, а била и силна промоторка на здрава храна.
Откако следеа бројни коментари на нејзина сметка, токму поради тоа, таа ја избриша фотографијата, но истата веќе доволно се рашири низ интернет просторот.
Świat już kompletnie zgłupiał.
Anna Lewandowska wrzuciła zdjęcia córek zajadających kabanosy,ale po chwili je usunęła. Normalność stała się nienormalna🤦 i chcąc być normalnym trzeba to ukrywać przed opinią publiczną. pic.twitter.com/6hG7K9f42N— Pawel Abramczyk🇵🇱👉#ReparationsForPoland,4×NIE (@AbramczykPawel) June 12, 2024
„Жено, не знаевме дека си таква… Едно проповедаш во јавност, се претставуваш како личност која преферира исклучиво здрав начин на живот, делиш умови на сите, а ќерките во друго издание ги претставуваш. И нели влегуваше во војна со сите ако споделат фотографии од твоите ќерки, затоа што не сакаш да ги објавуваш по социјални мрежи. А, сега?“ – беа дел од коментарите на сметка на Ана Левандовски.
Но, имаше и такви кои застанаа во одбрана на Ана.
„Светот тотално полуде. Нормалното стана ненормално, и обратно“ – е еден од коментарите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА